Од ТАВ Македонија попладнево информираат дека неколку авиони се пренасочени од скопскиот аеродром кон аеродроми во соседни држави поради густата магла која го обви Скопје.
Густа магла на скопскиот аеродром, четири авиони кружат – не можат да слетаат!
Како што велат, летовите до/од Виена (пристигнување и заминување), Варшава (пристигнување и заминување), Љубљана (заминување), Базел (заминување) и Истанбул (утринскиот лет) се откажани, додека пак летовите во пристигнување од Базел, Хамбург, Брисел и Дортмунд се пренасочени кон Софија, Солун, Ниш и Тирана, соодветно.
„По 14 часот, на скопскиот аеродром слетаа 3-те лета од Истанбул, на Туркиш Ерлајнс (Turkish Airlines) (дополнителен лет), Aџет (AJet) и Пегасус Ерлајнс (Pegasus Airliens), како и летот на Ер Србија од Белград“, велат од таму.