Свет

Авионот на руската компанија „Урал ерлајнс“ принудно слета во Египет поради дефект на моторот

Авионот на руската компанија „Урал ерлајнс“ принудно слета во Египет поради дефект на моторот

Авионот на руската авиокомпанија „Урал ерлајнс“ во текот на ноќта итно и безбедно слета на аеродромот во Шарм ел Шеик во Египет поради технички дефект на еден од моторите.

Дефектот се случил веднаш по полетувањето на авионот од тој аеродром, соопшти прес-службата на авиокомпанијата.

Компанијата соопшти дека обезбедила резервен авион за да го изврши летот меѓу Шарм ел Шеик и Екатеринбург во Русија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни