Свет

Снегот и мразот ја парализираа Германија: Откажани над 100 летови

Снегот и мразот ја парализираа Германија: Откажани над 100 летови

Неколку германски аеродроми денеска го нарушија распоредот на летање поради снежните врнежи и замрзнатиот дожд во Германија, така што беа откажани повеќе од 100 летови.

Откажани се 120 полетувања и слетувања од околу 1.090 планирани за денеска во Франкфурт, најголемиот германски аеродром на западот на земјата.

„Мора да се исчистат пистите за слетување и полетување, а одмрзнувањето на авионот е исто така посложено и понапорно“, изјавија од аеродромските служби.

Слабата видливост на небото го попречува и воздушниот сообраќај.

Во Минхен во саботата вечерта превентивно беа откажани 35 летови, од вкупно 750 планирани полетувања и слетувања на вториот по големина германски аеродром.

Германската метеоролошка служба предупреди на замрзнат дожд денеска, по снежните врнежи во текот на ноќта и ги советуваше граѓаните да избегнуваат непотребни патувања.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни