Свет

Зимска бура во САД: Петмина загинати, илјадници без струја

Зимска бура во САД: Петмина загинати, илјадници без струја

Најмалку пет лица загинаа во зимската бура што зафати дел од САД, затворајќи училишта, откажувајќи ги летовите и предизвика прекини на струја во многу области.

Седум американски држави прогласија вонредна состојба – Мериленд, Вирџинија, Западна Вирџинија, Канзас, Мисури, Кентаки и Арканзас.

Откажани се повеќе од 2.300 летови, а забележани се речиси 9.000 доцнења поради екстремните временски услови предизвикани од поларниот мраз воздух што вообичаено циркулира околу Северниот пол, јавува Би-Би-Си.

Околу 190.000 луѓе останаа без струја во државите кои беа погодени од невремето.

Според Националната метеоролошка служба, се предвидува дека врнежите од снег и лапавица ќе продолжат во поголемиот дел од североисточниот дел на САД во текот на денот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни