Breaking МВР: Над 180 паднати дрвја, 117 оштетени возила и 35 кровови по невремето во Скопје
Македонија

Променливо облачно, на овие места ќе има снег!

Променливо облачно, на овие места ќе има снег!

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни и во северните делови ќе преминуваат во снег и во пониските места. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремен слаб дожд, а во текот на ноќта од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Во недела времето ќе биде облачно со повремени врнежи кои поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер ќе бидат претежно од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и на повеќе места се очекува да се формира снежна покривка, а на планините значително да се зголеми.

Поради ниските температури ќе има појава на голомразица. Повремен снег ќе има и во понеделник, а потоа ќе преовладува стабилно и студено време.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни