Breaking ФОТО Се сруши 60 метарскиот јарбол со македонското знаме кај Ист Гејт
Македонија

Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово

Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово

На 20.01.2025 околу 14.45 часот на ул. „Пере Тошев“ во Охрид од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги во содејство со НККР Гостивар, лишен од слобода е Б.И. (35) од с. Горно Татеши, Струга, кој бил баран со централна потерница од КПУ Затвор Идризово поради бегство од затворот.

Б.И. е осуден за кривично дело „тешка кражба“ на казна затвор од осум години и седум месеци, а за доиздржување има пет години, седум месеци и осум денови.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни