Македонија

Македонија со изедначен резултат против Австрија

Македонија со изедначен резултат против Австрија
North Macedonia vs Guinea, 29th IHF Men’s World Championship 2025, Varazdin, Croatia, 19.01.2025, Mandatory Credit © Jure Erzen / kolektiff

Македонската ракометна репрезентација го отвори вториот круг од Светското првенство со драматично реми против Австрија. Натпреварот, одигран во Арената Вараждин, понуди неизвесност до самиот крај и заврши со изедначен резултат.

Избраниците на Кире Лазаров одиграа динамичен и борбен натпревар, и покрај тоа што атмосферата на трибините беше посмирена, со помал број македонски поддржувачи од претходните натпревари.

Иако на полувремето и во последните минути од натпреварот Македонија беше во негатива од еден гол, капитенот Филип Кузмановски успеа да ги одржи надежите на репрезентацијата. Две минути пред крајот пропушти шанса да реализира пенал, но со последниот звук на сирената ја погоди мрежата и донесе заслужено реми за нашиот тим.

Во продолжение од шампионатот, Македонија ќе се соочи со селекцијата на Катар. Натпреварот е закажан за два дена, а нашите ракометари ќе се обидат да дојдат до првата победа во оваа фаза.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни