Пожарот во хотелот „Гранд Картал“ во турскиот скијачки центар Карталкаја во општина Бол, во кој загинаа 78 лица, е предизвикан од грешка во кујната на хотелот, јавија денеска турските медиуми, повикувајќи се на резултатите од истрагата.
За време на подготовките за појадок во хотелот „Гранд Картал“ се запалило врело масло, а пламенот се проширил по погрешната интервенција на вработените во кујната, кои се обиделе да го изгаснат пожарот со вода, јавува турскиот портал Тренд.
Според наодите од истрагата, пожарот настанал од прскање врело масло на скарата при приготвување на појадокот, а пожарот се проширил поради погрешна интервенција на персоналот во кујната, кој не користел противпожарен апарат, туку вода.