Свет

Причината за авионската несреќа во која загинаа 179 лица во Јужна Кореја се јато птици

Причината за авионската несреќа во која загинаа 179 лица во Јужна Кореја се јато птици

Извештајот од прелиминарната истрага за авионската несреќа што минатиот месец се случи во Јужна Кореја потврди дека јато птици налетале во моторите на авионот, иако официјалните лица се уште не ја утврдиле точната причина за несреќата во која загинаа 179 луѓе, а две преживеаја.

Според првичните наоди од истрагата, во двата мотори на авиони биле пронајдени пердуви и дамки од птичја крв, пренесе АП.

Како што е потврдено со ДНК анализа, станува збор за локален вид патка преселница, се наведува во извештајот од истрагата и се додава дека црната кутија на авионот престанала да снима околу четири минути пред несреќата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни