Македонија

Во станот на Васил претходно биле пронајдени марихуана и кокаин имал и соработничка со која заедно продавале

Во станот на Васил претходно биле пронајдени марихуана и кокаин имал и соработничка со која заедно продавале

На 29 март 2024 година, полициски службеници спровеле претрес во два стана во Скопје, при што биле запленети вкупно 319,86 грама марихуана и 16,67 грама кокаин.

Претресите биле извршени откако двајца сведоци биле фатени со паковки марихуана, а по нивните искази, полицијата доби судска наредба за претрес на становите каде што ја набавиле дрогата.

Во првиот стан, кој го користел обвинетиот Васил, полицијата пронајде 14 помали пакувања со марихуана со различна тежина, како и две поголеми паковки со вкупна тежина од 23,95 грама. Дополнително, била запленета и една паковка со 0,24 грама кокаин.

Во вториот стан, кој привремено го користела обвинетата Л.Ј., биле пронајдени неколку најлонски ќеси со поголеми количини марихуана, вклучувајќи пакување од 101 грам, друго од 38,2 грама и уште неколку со различна тежина, со што вкупната количина марихуана во овој стан изнесуваше 279,3 грама. Покрај тоа, полицијата пронашла и 16,43 грама кокаин и две дигитални ваги со остатоци од дрога.

Според обвинението, Л.Ј. и В. дејствувале заедно, неовластено поседувајќи и продавајќи наркотични супстанции. Л.Ј. била фатена во моментот на предавање на пакување марихуана на сведоците, што ја потврдило нејзината поврзаност со случајот.

„Судот со посебно внимание ја ценеше одбраната на обвинетиот В.Ј. кој во своја одбрана наведе дека заедно со неговиот пријател Д., имале повеќе станови, кои на интернет ги огласиле за изнајмување и хонорарно се занимавале со подолгорочно изнајмување на истите на месечно ниво. Конкретно, станот кај “Р.”, многу слабо се издавал на пазарот и се случувало многу често да биде празен, па така после испитна сесија, често го користеле како место за релаксирање. Во истиот период купувале “трева”, бидејќи често ја конзумирале, а им било скапо со оглед да не биле вработени, па нашле алтернативен начин за да дојдат до поголема количина од 10 гр., која чинела 3.000,00 денари, на начин што се собирале по 5-6 другари и учествувале со по 500,00-600,00 денари. Неколку недели пред да бидат извршени претресите, тој земал наркотична дрога од обвинетата Л., која му давала бесплатно и по поефтина цена. За возврат, тој и пазарел, и купувал за јадење и го шетал кучето неколку пати, бидејки таа била скоро оперирана, стара и изнемоштена. Со обвинетата Л. биле во контакт, таа го викнала кај неа дома и заедно пушеле џоинт. Обвинетиот не знаел со што точно се занимавала обвинетата Л., па тогаш имал можност подетално да му раскаже дека кога се вратила од Ш., започнала да се занимава со продажба. Во однос на пронајдените паковки во станот, обвинетиот појасни дека некои биле купени, а некои му биле дадени како подарок. За обвинетата Л. дознал откако претходно таа му се јавила, бидејки неговите родители се сомневале дека конзумирал дрога и ја познавале истата како некој што подолго се занимава со таква работа. Немал никакви други релации со обвинетата Л.. Имало моменти кога купувал од неа, но не работеле заедно, тој бил само купувач, а таа продавач. Обвинетиот изјави дека, дрогата пронајдена во станот на ул.”…”, не била во негова сопственост, туку повтори дека тој само купувал од обвинетата, а за возврат и пазарел и го шетал кучето. Кога го повикала во нејзиниот дом, обвинетата Л. му рекла дека ова била многу лоша “трева” и дека таа ќе му донела подобра. Критичниот ден, наведе дека немал комуникација со обвинетата Л., истиот и заѕвонил, но таа не му одговрила на повикот“, се вели во пресудата која ја објави судот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни