Основното јавно обвинителство во Скопје, заедно со Управата за финансиска полиција, преземаат дејствија за обезбедување докази во случај поврзан со кривични дела примање поткуп, давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење.
Во рамки на истрагата, се изведуваат претреси на неколку локации во Скопје, за кои е обезбедена наредба од судија на претходна постапка.
Финансиската полиција извршува претреси во домот на поранешниот директор на СОЗР, Пецо Мирчевски