Полициски екипи вршат претрес во куќата на Миленко Неделковски во скопското село Ржаничино, дознава ТВ 21 од полициски извори.
Од извори од истрагата денеска ТВ21 објави дека новинарот Миленко Неделковски е приведен и донесен во ПС во Велес. Неделковски е приведен поради закани и ширење омраза на социјалните мрежи.
Приведувањето го најави самиот Неделковски кој што на својот „Фејсбук“ статус напиша дека е дојдена полиција да го апси.
Екипа на ТВ 21 веќе се на терен, очекуваме повеќе информации.
