Свет

ВИДЕО Рингишпил во Германија се заглавил на 30 метри височина – 23 лица виселе три часа

ВИДЕО Рингишпил во Германија се заглавил на 30 метри височина – 23 лица виселе три часа

Дваесет и тројца луѓе синоќа поминале околу три часа заглавени на рингишпил со синџири во Хамбург, на височина од околу 30 метри, пред да успеат да се спуштат на земја, објави германската новинска агенција ДПА.

Рингишпилот на саемот „Sommerdom“ запрел доцна навечер поради технички дефект. На местото пристигнале полицијата и пожарникарите, а била започната голема акција за безбедно спуштање на патниците и спречување паника меѓу луѓето кои останале заробени во воздух.

Три часа виселе на околу 30 метри

Според „Билд“, патниците останале заглавени на околу 30 метри над земјата. Набргу по полноќ, рингишпилот повторно бил ставен во функција, по што сите патници успеале да излезат неповредени и без помош од пожарникарите, изјавил портпарол на полицијата.

Германската организација за технички преглед TÜV би требало да биде меѓу институциите кои ќе го истражуваат причината за инцидентот.

Саемот трае до недела

Рингишпилот со синџири е дел од хамбуршкиот саем „Sommerdom“, кој трае до недела. Оваа година саемот за првпат се одржува пет недели, наместо досегашните четири.

Организаторите наведуваат дека минатогодишниот „Sommerdom“ го посетиле повеќе од 1,3 милиони луѓе.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни