Македонија

Официјално денеска ќе биде пуштена во употреба новата компресорска станица за хируршките клиники

Официјално денеска ќе биде пуштена во употреба новата компресорска станица за хируршките клиники

Денеска официјално беше пуштена во употреба компресорката станица за хируршките клиники во комплексот клиники Мајка Тереза.

Министерот за здравство, Арбен Таравари изрази задоволство што освен континуирани инвестирања во реновирања и опремувања во здравството, се решавале и долгогодишни наследени проблеми како овој со станицата. Тој истакна дека за среќа, функционира и старата компресорска опрема, со што, како што нагласи, би се избегнале проблеми како минатогодишните. Во изјава за медиумите, тој ги наброја салите што ја користат оваа станица, нагласувајќи дека сите што ќе сакаат, ќе можат да се приклучат.

-Станицата веќе се користи, тестирана е и по сите стандарди, подвлече Таравари.

Во месец мај, минатата година, операционите сали на Клинички центар беа затворени поради непријатна миризба. За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември“. Компресорската станица, изградена пред околу 33 години, требало да биде променета уште пред три години. Неработењето на оперативниот блок се сметаше за тежок удар врз Клиничкиот центар како столб на здравството.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни