Свет

Трамп најави дека ќе го помилува Род Благојевиќ

Трамп најави дека ќе го помилува Род Благојевиќ

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе го помилува поранешниот гувернер на Илиноис, Род Благојевиќ.

Благојевиќ во 2008 година беше обвинет дека се обидел да продаде сенаторско место и поради тоа прво беше разрешен, а потоа осуден на 14 години затвор во 2011 година.

Тој помина осум години во затвор, до февруари 2020 година, кога претседателот Трамп му ја намали казната и му дозволи да излезе од затвор. Благојевиќ со сегашното помилување ќе биде целосно ослободен од правните последици што произлегуваат од тогашната судска пресуда, пишува Асошиетед прес.

Благојевиќ, американски политичар со српско потекло, неодамна ја посети Србија и разговараше со претседателот на земјата, Александар Вучиќ, а локалните медиуми објавија дека постои можност тој да биде назначен за амбасадор во Белград, пренесува Бета.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни