Свет

ВИДЕО Пожар во фабрика во Турција!

ВИДЕО Пожар во фабрика во Турција!

Голем пожар избувна во понеделникот на 10 февруари вечерта во фабрика за шумски производи во Турција.

Според информациите на турските медиуми, пожарот избувнал во 19 часот и 40 минути по локално време, од засега непозната причина, во организираната индустриска зона Афјон Карахисар.

Веднаш се мобилизирани 26 противпожарни возила, 4 возила со вода и 4 противпожарни единици на Окружната полициска управа, при што пожарникарите се борат со огнениот пекол.

На видео снимките се гледа како огромен пламен ја зафаќа фабриката додека црн чад ја прекри областа, создавајќи задушувачка атмосфера.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни