Свет

Трагедија во Гватемала: Најмалку 51 лице загина кога автобус падна од мост

Трагедија во Гватемала: Најмалку 51 лице загина кога автобус падна од мост

Најмалку 51 лице загина денеска рано во лоши временски услови кога автобус во Гватемала падна од мост, потврди портпаролот на градската противпожарна служба.

Преполниот автобус се движел кон главниот град од градот Сан Агустин Акасагуастлан, а од мостот Пуенте Белиќе удрил во провалија длабока 20 метри, јавува Ројтерс.

Телата на 36 мажи и 15 жени се предадени во мртовечницата, изјави портпаролот на пожарникар Карлос Хернандез, пренесува FoNet.

Претседателот на Гватемала Бернардо Аревало прогласи тридневна национална жалост.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни