Македонија

Пожар во Иловица: Изгоре куќа, причинета голема штета

Пожар во Иловица: Изгоре куќа, причинета голема штета

Синоќа во 21:15 часот во селото Иловица, струмичко, избувна пожар кој целосно зафати една куќа.

Според информациите од Територијалната противпожарна единица Струмица, во гаснењето на пожарот учествувале три противпожарни возила и десет пожарникари.

„Пожарот во најголем дел беше локализиран од жителите на селото. По пристигнувањето на противпожарните екипи, извршена е дополнителна контрола и изгаснати се преостанатите жаришта низ просториите на куќата“, соопштија од ТППЕ Струмица.

Во пожарот е причинета значителна материјална штета, а причините за неговото избувнување сè уште се утврдуваат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни