Свет

Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени регистриран во Сибир

Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени регистриран во Сибир

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во Сибир, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри, на 29 километри северно од Кош Агач во регионот Алтај.

Земјотресот бил почувствуван и во Казахстан.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни