Свет

Трамп бесен: Нема да го трпам Зеленски уште долго!

Трамп бесен: Нема да го трпам Зеленски уште долго!

Доналд Трамп, претседател на Соединетите Американски Држави, денеска изјави дека Вашингтон „нема долго да ги трпи“ изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски за „далечниот“ крај на војната со Русија.

Трамп на својата сметка на социјалната мрежа „Truth Social“ ја сподели веста на АП во која Зеленски изјави дека крајот на војната со Русија е „многу, многу далеку“ и оцени дека тоа е „најлошата изјава што Зеленски може да ја даде“.

„Тоа е тоа што го кажав, овој човек не сака мир се додека има поддршка од Америка, а Европа на средбата со Зеленски јасно кажа дека не можат ништо без САД. Веројатно не е толку одлична изјава за да покаже сила против Русија. За што ли размислуваа?“, напиша Трамп.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни