Свет

Зеленски ја претстави својата визија за мир во Украина

Зеленски ја претстави својата визија за мир во Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска ја претстави својата визија за постигнување мир во Украина.

Како што вели, добар почеток би било запирањето на нападите врз енергетската и цивилната инфраструктура и воените операции во Црното Море.

„Сите мора да се погрижат Русија, единствениот извор на оваа војна, да ја прифати потребата да прекине“, рече тој.

Според него, ослободувањето на затворениците „може да послужи како средство за воспоставување фундаментална доверба“ и увертира за „целосно и праведно решение“.

„Украина не само што е подготвена да ги преземе неопходните чекори за мир, туку и ние ги предлагаме овие чекори“, рече тој и потврди дека украинскиот и американскиот тим „продолжиле да работат“.

Тој ги поздрави напорите на Европската комисија за повторно вооружување на Европа.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни