Живот

ВИДЕО Жена цели 25 минути трчаше гола низ авион, летот одложен!

ВИДЕО Жена цели 25 минути трчаше гола низ авион, летот одложен!

Авион на Southwest Airlines кој летал од Хјустон до Феникс бил одложен во понеделникот откако патничка се соблекла гола и трчала низ кабината цели 25 минути.

На социјалните мрежи се појави снимка од жената која трчаше низ авионот, а патниците беа запрепастени.

По тие 25 минути, откако кабинскиот екипаж сфатил што се случува, авионот бил пренасочен и вратен на аеродромот, по што обезбедувањето влегло внатре и ја привело голата жена.

Таа е пренесена во болница, а по психијатриска евалуација ќе се одлучи дали ќе биде поднесена пријава, пишува Дејли мејл.

„Локалната полиција го пречека авионот на летот 733. Им се извинивме на другите патници за доцнењето, а нашите службеници работеа да ги пренесат до нивната дестинација што е можно побрзо“, соопшти авиокомпанијата.

Останува нејасно што ја поттикнало неименуваната жена да се однесува на овој начин, иако има информации дека таа наводно побарала да излезе од авионот и викала дека е биполарна.

Некои патници тврделе дека таа се обидела да влезе во пилотската кабина пред да дојде обезбедувањето.

„Таа се сврте кон нас и се соблече. Потоа удри по вратата на пилотската кабина. Беше застрашувачко“, рекол еден од патниците.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни