Македонија

Збогум за д-р Глигор Џолев (1944 – 2025)

Збогум за д-р Глигор Џолев (1944 – 2025)

Со длабока тага семејството ја соопшти веста за заминувањето на д-р Глигор Џолев, истакнат ортопед, посветен татко, дедо и сопруг.

Професор д-р Џолев е роден на 20 јули 1944 година во Струмица и целиот свој живот го посвети на медицината, со несебична грижа и стручност помагајќи им на своите пациенти. Од 1972 до 2009 година работеше на Ортопедската клиника во Скопје, каде што во одреден период беше и нејзин директор, а истовремено беше и редовен професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Покрај професионалната кариера, д-р Џолев беше столбот на своето семејство – посветен сопруг, грижлив татко и горд дедо. Со својата добрина и човечност остави неизбришлив белег во животите на многумина.

Неговото заминување претставува огромна загуба, но спомените за неговото дело и љубовта што ја ширеше ќе останат вечни.

Испраќањето на д-р Џолев ќе се одржи на 15 март 2025 година во 11:00 часот на гробиштата Бутел.

Со последна почит, од семејството.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни