Македонија

Приватните болници ги отворија вратите за повредените од трагедијата во Кочани

Приватните болници ги отворија вратите за повредените од трагедијата во Кочани

Од приватните болници Жан Митрев и Систина соопштија дека ги ставаат на располагање сите свои ресурси за прифаќање и згрижување на повредените од катастрофалниот пожар што ноќеска избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Од Систина информираат дека се подготвени да помогнат со медицински транспорт и прием на пациенти, обезбедувајќи итна медицинска нега за сите на кои им е потребна.

Во овие тешки моменти, здравствените установи се мобилизирани за да помогнат во справувањето со последиците од трагедијата што ја зави Македонија во црно.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни