Македонија

Филип излегол, но се вратил да ја бара другарката која ја немало, сведочи таткото Дејан

Филип излегол, но се вратил да ја бара другарката која ја немало, сведочи таткото Дејан

Во пожарот во дискотеката „Пулс“, животот го загуби и младиот Филип Ивановски.

Тој од дискотеката искочил меѓу првите скоро без никави повреди но решил да се врати назад во оганот и чадот за да помогне на другарка која ја немало. Откако влегол Филип, повеќе не излегол.

„Нашиот ангел Филип Ивановски замина во вечноста и се молиме да биде на поубаво место од оваа мочурише во кое живееме ние грешните.

Мојот најдобар другар, колега и херој Филип, а помеѓу другарите Фичо, успеал да излезе помеѓу првите скоро без никави повреди и решил да се врати назад во оганот и чадот да помогне на другарка која ја немало, но не се врати повеќе.

Последното испраќање со Филипче ќе биде утре ( четврток) 20.03.2025 во Соборен Храм Свети Никола -Штип ( градска црква ) од 09:00 до 11:00 часот“, вели неговиот татко.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни