Во текот на ноќта на 22 кон 23 март 2025 година, полициски службеници на подрачјата на Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово привеле вкупно 17 лица поради сомнение за непочитување на владината одлука за прогласена седумдневна жалост, по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Како што информира МВР, лицата се товарат за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик – „непостапување по здравствени и други прописи за време на епидемија, вонредна состојба или жалост“. Приведените пуштале музика и работеле угостителски објекти, спротивно на мерките за почитување на жалоста.
- Скопје: Приведени се двајца, меѓу кои едно малолетно лице и управител на угостителски објект.
- Прилеп: Приведени се 12 лица, од кои едно малолетно.
- Кичево: Приведено е едно лице, сопственик на угостителски објект.
- Куманово: Приведени се две лица, менаџер и управител на локал.
По целосно документирање на случаите, против сите инволвирани лица ќе бидат поднесени соодветни пријави. Од МВР апелираат на почитување на мерките и одлуките во знак на солидарност и почит кон загинатите и нивните семејства.