Балкан

ВИДЕО Српскиот коментатор се расплака на минутата молчење за жртвите во Кочани

ВИДЕО Српскиот коментатор се расплака на минутата молчење за жртвите во Кочани

Пред почетокот на натпреварот помеѓу Србија и Австрија во Лигата на нации, одигран на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград, беше одржана минута молк во чест на неколку трагични настани кои ја потресоа регијата.

Почит беше оддадена и за жртвите од трагичниот пожар во Кочани, во кој животот го загубија 59 млади луѓе, но и за починатите фудбалски легенди Радиша Илиќ, Андрија Делибашиќ, Душан Маравиќ и Вукашин Црнчевиќ.

Емотивната атмосфера го совлада и коментаторот на РТС, кој не можеше да ги задржи солзите и се расплака во живо за време на преносот – трогателен момент кој ја отслика тежината на загубата и солидарноста што ја чувствуваше целата публика.

Натпреварот започна по минута тишина, во која стадионот беше замолчен од болка, но и исполнет со почит.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни