Македонија

Уапсен 26-годишен возач кој удрил двајца малолетници на Партизанска

Уапсен 26-годишен возач кој удрил двајца малолетници на Партизанска

Денеска (24.03.2025) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Р.(26) од Скопје затоа што  околу 13.50 часот на бул. „Партизански одреди” во Скопје со патничко возило „ауди” со скопски регистерски ознаки, удрил во малолетен пешак и малолетник кој туркал велосипед.

Двајцата малолетници со Итна медицинска помош се пренесени во клинички центар „Мајка Тереза” во Скопје за укажување лекарска помош.

Извршен е увид од СВР Скопје и надлежен обвинител. По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни