Балкан

Падна снег во Србија, температурата се спушти до нула степени

Падна снег во Србија, температурата се спушти до нула степени

Во текот на ноќта во западна Србија обилните врнежи од дожд се претворија во лапавица и снег, а нова снежна покривка е формирана и на повисоките места и во градското подрачје, јавува Рина.

Снег падна во Ужице, на планините Златибор, Златар, Голија и Тара, на територијата на општина Топола, Краљева, а во раните утрински часови падна и во Белград.

Во регионот на Ужице снегот е пет сантиметри на повисоките, планински предели, на патиштата нема снег, но видливоста е намалена, јавува РТС, пренесува Танјуг.

Снег паѓа и кај Пријепоље, каде рано утринава имаше голем одрон на релација Ивања – Сопотница, поради што сообраќајот едвај се одвиваше, јавува Рина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни