Свет

ВИДЕО „Многу луѓе загинаа“ откако автомобил влета во толпа во Ванкувер

ВИДЕО „Многу луѓе загинаа“ откако автомобил влета во толпа во Ванкувер

„Повеќе луѓе загинаа“ откако автомобил влета во толпа во канадскиот град Ванкувер , соопшти локалната полиција, а непотврдени извештаи велат дека билансот на загинатите е околу 15. Властите додадоа дека „многу други“ се повредени во инцидент на уличен фестивал во саботата вечерта.

Возачот е приведен. Според непотврдени информации, станува збор за Азиец на околу 20 години.

Се уште не се знае колку луѓе загинале.

Во објава на X, полицијата рече дека „возач удрил со автомобил во толпата на уличен фестивал на East 41st Street и Fraser“ кратко по 20:00 часот. локално време во сабота (03:00 GMT недела).

„Ќе дадеме повеќе информации додека истрагата ќе напредува“, се продолжува во соопштението.

Локалните медиуми објавија дека група пешаци биле удрени од автомобил за време на годишниот фестивал Лапу Лапу, кој ја слави филипинската култура.

Фотографиите и видеата кои кружат на социјалните мрежи покажуваат многу значајна полициска реакција во областа. Се гледаат бројни луѓе, тешко повредени или неподвижни на земја. На снимката се гледа дека инцидентот се случил во реонот каде што се наоѓале камионите со храна.

„Шокиран сум и длабоко тажен од ужасниот инцидент на денешниот настан за Денот на Лапу Лапу. Ќе работиме за да обезбедиме повеќе информации што е можно поскоро, но во овој момент, полицијата на Ванкувер потврди дека има голем број жртви и повеќе повредени“, рече во изјавата вечерва градоначалникот на Ванкувер, Кен Сим. „Нашите мисли се со сите засегнати и со филипинската заедница во Ванкувер во овој неверојатно тежок период.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни