Свет

„Време е да се стави крај“ – Трамп сака да се сретне со Путин што е можно поскоро

„Време е да се стави крај“ – Трамп сака да се сретне со Путин што е можно поскоро

Американскиот претседател Доналд Трамп зборуваше за мировните преговори меѓу Русија и Украина.

„Време е само да се стави крај. Ќе ставиме крај на ова“, рече Трамп.

Тој додаде дека сака да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин што е можно поскоро – штом средбата е успешно договорена.

Трамп вчера рече дека значителен напредок во преговорите е малку веројатен додека тој и Путин не се сретнат лично.

Да потсетиме, американскиот претседател е на последниот ден од посетата на Блискиот Исток, а денеска зборуваше на настанот на Советот за деловна соработка во Обединетите Арапски Емирати.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни