Македонија

Мицкоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка за предлогот Трајко Славески да биде иден гувернер

Мицкоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка за предлогот Трајко Славески да биде иден гувернер

Денеска премиерот Христијан Мицкоски, во изјава за медиуми рече дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка за предлогот Трајко Славески да биде иден гувернер.

Мицкоски изјави дека согласно Уставот обврска на претседателот на државата е да го даде предлогот за гувернер. 

– Тоа е одлука на претседателот на државата, не е одлука на Владата. Согласно Устав, претседателката на државата го поднесува тој предлог така што немам што да коментирам. Предлогот ќе ја добие поддршката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.

Славески треба да биде избран на пленарна седница со просто мнозинство од 61 глас. 

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчера го предложи проф. д-р Трајко Славески за нов гувернер на Народната банка, откако претходно разговараше со кандидатите за гувернер на Народната банка. 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни