Свет

Биткоинот повторно руши рекорди!

Биткоинот повторно руши рекорди!

Вредноста на Биткоинот се зголеми за 4,68 проценти на 98.411,27 евра (111.886,41 долари) во 15:15 часот.

Тоа го покажува најголемата светска берза за криптовалути Binance, каде е достигнат нов рекорден максимум.

За разлика од претходните циклуси, овој раст на Биткоинот не е поттикнат од ентузијазмот на малите инвеститори, туку се базира на постојаниот влез на големи компании и фондови на пазарот на дигитални средства, велат аналитичарите, објавува порталот „Коин Деск“.

Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесуваше 82,76 милијарди евра, што е значително повеќе од вчера.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни