Според информациите од надлежните служби, утре ќе има планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во неколку општини во Скопје и околината, поради технички зафати во мрежата.
Во општина Сарај, прекинот ќе трае од 08:00 до 15:00 часот и ќе ги опфати селото Крушопек и делови од Сарај, во близина на Општината и рекреативниот центар.
Во општина Сопиште, прекини ќе има на улица 10 и дел од улица 134, во период од 09:00 до 12:00 часот.
Во општина Карпош, од 09:00 до 15:30 часот ќе бидат без струја делови од улиците Иван Цанкар и Вангел Дину.
Во општина Центар, прекините ќе бидат според следниот распоред:
- Улица Ленинова, во близина на Кошаркарската федерација на Македонија, од 10:00 до 13:00 часот;
- Булевар Партизански Одреди, кај зградите на Зегин и Академска Книга, од 10:00 до 13:00 часот;
- Улица Стефан-Јакимов Дедов, од 10:00 до 13:00 часот;
- Улица Владимир Полежиновски, од 10:00 до 13:00 часот;
- Куќите над полициската станица Водно кон Средно Водно, од 12:00 до 15:00 часот;
- Дел од објектот МВ Шербетница, во близина на Општина Центар, од 12:00 до 15:00 часот.
Од надлежните се апелира до граѓаните да ги завршат сите активности кои зависат од електрична енергија навреме и да преземат мерки за заштита на електронската опрема.