Македонија

Села: За нас прифатливо е 8 изборни единици, една е на штета на Албанците!

Села: За нас прифатливо е 8 изборни единици, една е на штета на Албанците!

Претседателот на партијата Зијадин Села вели дека за нив единствено е прифатливо 8 изборни единици.

Една изборна единица е на штета на Албанците, додава тој. 

„Ние сме против една изборна единица, сме за осум изборни единици, затоа што тоа е модел кој се истражува и би донел развој. Сме против една изборна единица поради демографските околности што ги имаме, сме против затоа што ниту еден албански политички субјект нема присуство на целата територија на Северна Македонија, и како таква, една изборна единица би била штетна и би довела само до намалување на бројот на албански пратеници. Ние сме за отворени листи. Сме за дијаспората да гласа по пошта, од својот дом, таму каде што живее, и да го испрати гласачкото ливче по пошта, овде да се преброи.“, вели Села.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни