Пратеничката група на Европскиот фронт поднесе интерпелација до претседателот на Собранието, Африм Гаши, за работата на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.
Пратеникот Илир Хасани образложи дека интерпелацијата е поднесена врз основа на член 72 од Уставот, поради, како што рече, прекршување на Законот за употреба на јазиците и членот 101 од Законот за Уставниот суд.
Хасани посочи дека изјавите на Костадиновски во медиумите покажуваат предрасуди кон албанскиот јазик и излегуваат надвор од неговите надлежности, што, според него, отвора сомнежи за непристрасност.
Тој нагласи дека интерпелацијата не е со цел разрешување, туку покренување институционална дебата и одговорност, особено пред седницата на Уставниот суд за Законот за јазиците.