Македонија

Вечерва средба со шампионите на МЗТ во Аеродром

Вечерва средба со шампионите на МЗТ во Аеродром

Општина Аеродром и кошаркарскиот клуб „МЗТ Скопје – Аеродром“ вечерва во 19:00 часот организираат традиционална средба со шампионскиот тим на платото пред хотелот „Русија“, како дел од прославата на дванаесеттата титула на клубот.

„Ова е одлична можност за сите љубители на кошарката да се сретнат со своите спортски херои, кои уште еднаш ја одбранија бојата на клубот и ја исполнија Општина Аеродром со гордост“, истакнуваат од Општината.

На настанот се очекува потпишување автограми, заедничко фотографирање, музичка програма и незаборавна атмосфера. Настанот е отворен за сите – навивачи, семејства, деца и сите граѓани кои сакаат да бидат дел од ова спортско славје.

МЗТ Скопје – Аеродром неодамна ја освои својата 12-та шампионска титула во домашното првенство, зацврстувајќи ја својата позиција како најуспешен кошаркарски клуб во Македонија во последната деценија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни