Македонија

Силно невреме го погоди Муртино, има паднати дрвја!

Силно невреме го погоди Муртино, има паднати дрвја!

Силно невреме проследено со ветер и пороен дожд вчера го зафати струмичкото село Муртино, предизвикувајќи значителна материјална штета. Според првичните информации од терен, бурата собори повеќе дрвја, од кои едно целосно ја блокира локалната улица, правејќи ја непроодна за возила и пешаци.

На фотографијата, може да се види огромно стебло откорнато од силниот ветер, кое лежи преку патот, а околината е преполна со гранки и остатоци.

Жителите велат дека невремето траело само неколку минути, но оставило големи последици.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни