Македонија

Тешка несреќа во Прилеп – се судрија автомобил и моторцикл!

Тешка несреќа во Прилеп – се судрија автомобил и моторцикл!

Вчера во 13.25 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп-манастир „Трескавец”, на место викано „Под манастир“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „кадилак“ со американски национални ознаки, управувано од З.К.(42) од Република Србија, со привремен престој во Прилеп и мотоцикл „хамачи“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Т.С.(64) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни повреди неговата сопатничка С.С.(56) од Прилеп и возачот на патничкото возило „кадилак“, констатирани во Градската општа болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Прилеп.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни