Свет

Америка го нападна Иран – Трамп: Целосно ги уништивме нуклеарните комплекси на Иран

Америка го нападна Иран – Трамп: Целосно ги уништивме нуклеарните комплекси на Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ги завршиле нападите врз три нуклеарни објекти во Иран, вклучувајќи ги Фордо, Натанц и Исфахан.

„Го завршивме нашиот многу успешен напад врз три нуклеарни објекти во Иран, вклучувајќи ги Фордо, Натанц и Исфахан. Сите авиони сега се надвор од иранскиот воздушен простор“, напиша тој на својата социјална мрежа Truth Social.

Трамп додаде дека врз Форд е фрлен „полн товар бомби“ и дека сите авиони се на пат назад кон САД.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни