Свет

Иран направи важен потег пред нападите на САД – погледнете што направија!

Иран направи важен потег пред нападите на САД – погледнете што направија!

Иран ги евакуираше трите нападнати нуклеарни постројки некое време пред бомбардирањето, изјави заменик-директорот на таа медиумска куќа, Хасан Абедини, за иранската национална телевизија.

САД ги бомбардираа иранските нуклеарни постројки во Фордоу, Натанц и Исфахан, соопшти претходно американскиот претседател Доналд Трамп, фалејќи се дека постројките се „целосно уништени“.

„Резервите од збогатен ураниум претходно беа преместени од нуклеарните центри и таму не останаа никакви суровини кои, во случај на напад, би можеле да предизвикаат зрачење и да бидат штетни за нашите сонародници“, ја цитираше изјавата на Абедини за иранската телевизија Ројтерс.

Иранското нуклеарно надзорно тело објави дека нема знаци на контаминација околу погодените објекти и дека нема опасност за жителите на околните области, пренесува Ројтерс.

Нуклеарната централа Фордоу не претрпе значителна штета, изјави владин претставник за иранската новинска агенција Фарс, истакнувајќи дека оштетените делови од централата се „на површината“ и можат лесно да се обноват, според Ројтерс.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни