Балкан

Од 4 јули нови цени на патарините низ Србија

Од 4 јули нови цени на патарините низ Србија

Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија денеска соопшти дека новата Одлука за висината на посебните такси за користење на јавни патишта, односно патарините, ќе се применува од 4 јули.

Во соопштението се наведува дека, во согласност со редовните годишни активности, е извршено прилагодување на износите на динари на таксите со годишниот индекс на потрошувачки цени и зголемувањето на малопродажните цени, но без да се прецизираат новите износи на патарините.

Патарините во Србија ги собира Јавното претпријатие „Патишта на Србија“, а вкупната должина на автопатите со наплата на патарина е 905,2 километри.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни