Рускиот претседател Владимир Путин денес, по повод Денот на независноста на Белорусија, изјави дека врските меѓу двете земји се силни како и секогаш и покрај сериозните надворешни закани и предизвици.
„Важно е денес, наспроти сериозните надворешни закани и предизвици, братските врски и меѓусебната солидарност што ги поврзуваат нашите земји да останат силни како и претходно“, пишува во честитката на Путин до лидерот на Белорусија, Александар Лукашенко, пренесе РИА Новости.
Путин нагласи дека двете земји заедно ќе ги надминат сите тешкотии и ќе ги зајакнат продуктивните билатерални врски во интерес на стабилноста и безбедноста, а во исто време му посака на Лукашенко здравје и успех, а на сите жители на Белорусија среќа и просперитет.
Путин: Врските меѓу Русија и Белорусија се силни и покрај надворешните притисоци