Македонија

Во пресрет на празникот Курбан Бајрам – пакети за сирачиња и социјално-загрозени семејства

Под мотото „Не заборавај ме“, невладината Хасене во пресрет на Курбан Бајрам на плоштадот „Скендербег“ подели 400 пакети за сираците и социјално загрозените семејства. Претседателот на организацијата, рече дека оваа акција се организира со цел да нема разлики меѓу децата.

Претставничката на организацијата, Нумане Лимани, вели дека акцијата се организира веќе четири години.

Лимани додава дека освен на плоштадот „Скендербег“ , пакети се разделени и низ други градови.

Инаку, Курбан бајрам е празник кој го слават верниците од исламска вероисповед. Курбан Бајрам, меѓу народот е познат и како „празник на жртвата“ затоа што тогаш се принесува жртва – курбан, а поголемиот дел од месотосе дели на сиромашните.

РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни