Балкан

Тензично пред косовското Собрание: Полицијата употреби солзавец, демонстрантите се обидоа да ги блокираат влезовите

Тензично пред косовското Собрание: Полицијата употреби солзавец, демонстрантите се обидоа да ги блокираат влезовите

Тензии вечерва се регистрирани пред Собранието на Косово во Приштина, каде што се распоредени дополнителни полициски сили по обидите на демонстрантите да ги блокираат влезовите и излезите од парламентарниот комплекс.

Демонстрантите бараат измените на Законот за Специјализираните совети и Специјализираното обвинителство да бидат целосно усвоени. Измените претходно беа изгласани во прво читање со 91 глас.

Според косовската полиција, дел од демонстрантите се обидувале да влезат во оградениот простор на Собранието, а кон државните објекти биле фрлани пиротехнички средства. Поради ескалацијата на ситуацијата, полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои ги блокирале влезовите.

Албанскиот медиум „Коха Јоне“ објави дека во и околу парламентарниот комплекс биле фрлани и молотови коктели, но оваа информација засега не е потврдена од косовската полиција.

Во текот на денот, според информациите, демонстрантите насилно вратиле пратеник кон дворот на Собранието, а биле регистрирани и оштетувања на прозорци предизвикани од пиротехнички средства.

Политичката криза се продлабочи откако измените на законот не беа ставени на второ гласање. Владејачкото Движење Самоопределување бара најпрво да биде избран новиот претседател на Косово, додека ПДК инсистира постапката за измените на законот целосно да биде завршена пред изборот на шефот на државата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни