По објавувањето на снимките поврзани со случајот „Рекет“, на својата официјална Фејсбук страница се огласи и премиерот Зоран Заев. Тој во кратката порака дава поддршка истрагата за „Рекет“ да биде целосно спроведена.
Пратеничката на СДСМ Снежана Калеска – Ванчева пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ обвини дека за аферата Рекет се виновни Груевски и Мицковски. Калеска – Ванчева вели дека создадените тајкуни од режимот, во координација со Никола Груевски, помогнати од нивните извршители прават се да ја срушат правната држава, да ја загрозат евро-интеграцијата на земјата, да се претстават како жртви и да се спасат. За време на нејзината изјава, од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ се слушаше музика од филмот Кум.
Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали и други лица од власта биле во релација со Боки 13 и која била нивната улога? Игор Јанушев вели дека премиерот мора да поднесе оставка.
Од СДСМ прашуваат дали Христијан Мицкоски: Кој ги лиферувал снимките во италијанскиот медиум?, Со кои двајца од луѓето кои се гледаат на видео снимката се има сретнато Мицкоски? Дали и што примил на рака? А пак ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали и други лица од власта биле во релација со Боки 13 и која била нивната улога? Но и бараат оставка од премиерот Заев.
РЕПОРТЕРКА: АРБАНА Ќ КЛИМЕНТА