Свет

Зеленски го замени украинскиот премиер – Владата ќе ја предводи жена

Зеленски го замени украинскиот премиер – Владата ќе ја предводи жена

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека новиот премиер на Украина ќе биде првата вицепремиерка Јулија Свириденко. Со ова официјално започна нова фаза од реконструкцијата на украинската влада.

„Предложив Јулија Свириденко да го преземе раководството на украинската влада и значително да ја обнови нејзината работа“, објави Зеленски на платформата X. „Очекувам наскоро да презентирам нов акционен план на владата“. Тој додаде дека се сретнал со Свириденко порано денес за да разговараат за соработката со САД и Европа, зајакнувањето на економијата, забрзувањето на военото производство и реформирањето на извршната власт.

Претходниот премиер на Украина беше Денис Шмихал, кој ја извршуваше функцијата од 4 март 2020 година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни