Македонија

Утре почнува судењето за Кристијан Корабоски кој брутално ја претепа девојка си и ја остави на улица во Охрид

Утре почнува судењето за Кристијан Корабоски кој брутално ја претепа девојка си и ја остави на улица во Охрид

Пред Основниот суд во Охрид утре ќе започне судскиот процес за случајот со нападот врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска, за кој е обвинет 31-годишниот Кристијан Корабоски. Почетокот на рочиштето е закажан за 11 часот, а предметот ќе го води судијката Александра Поп Стефанија.

Нападот се случил на 15 ноември годинава, околу 2 часот по полноќ. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот започнал по расправија во домот на осомничениот, а потоа продолжил во неговиот автомобил.

Според пријавеното, Корабоски физички ја нападнал својата девојка додека биле во возилото. Откако го запрел автомобилот, нападот продолжил, при што девојката изгубила свест и паднала.

Повредената Сара најпрво била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа и во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.

Охридското Основно јавно обвинителство поднесе обвинение против Корабоски за три кривични дела: телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.

На обвинетиот претходно му беше определена мерка притвор во траење од 30 дена, а утрешното рочиште ќе го означи почетокот на судската постапка за случајот што предизвика големо внимание во јавноста.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни