Македонија

Охриѓанец си го запалил станот – имало евакуација, 8 лица завршија во болница

Охриѓанец си го запалил станот – имало евакуација, 8 лица завршија во болница


На 26.11.2026 година, полициски службеници од полициската станица Охрид, од слобода го лишија Ц.Н.(55) од Охрид  кој се сомничи дека предизвикал пожар во неговиот стан лоциран на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид. Со брза интервенција на полициските службеници, припадници на Територијалната противпожарна единица од Охрид и медицински екипи, извршена е евакуација на повеќе жители од зградата а со возила на Итната медицинска помош, во Општа болница префрлени се осум лица кои имале повреди и потешкотиии при дишење.

Во координација со други служби, СВР Охрид презема дополнителни мерки за  поддршка на станарите и смирување на состојбата а по целосно документирање на настанот, против Ц.Н. ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Предизвикување општа опасност”.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни