Свет

Папата Лав XIV го продолжува одморот во Гандолф до 22 јули

Папата Лав XIV го продолжува одморот во Гандолф до 22 јули

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, ќе го продолжи својот престој во замокот Гандолф, традиционалната папска летна резиденција, за уште неколку дена – до следниот вторник, објавија денес италијанските медиуми.

Папата Лав XIV повторно ја отвори резиденцијата во замокот Гандолф, која неговиот претходник, папата Франциск, ја претвори во музеј во 2016 година, пренесува АНСА.

Ватикан објави дека папата ужива во мирната и природна околина на италијанската природа на езерото Албано, подалеку од жестоката римска летна жега, и ќе го продолжи својот престој за неколку дена, до вторник, 22 јули.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни